Logo

Наши услуги

Во „Систина Офталмологија“ постои можност да се изврши целовкупна дијагностика на глауком во еден ден (бесконтактно и контактно мерење на очен притисок, мерење на дебелината на рожницата – заради прецизирање на висината на очниот притисок, преглед на очниот агол – гониоскопија, изработка и анализа на видно поле и анализа на очниот нерв – компјутерска кохерентна томографија - ОЦТ).

Безболни амбуланти ласерски зафати за лечење на глаукома: Јаг ласер иридотомија, Селективна Ласерска Трабекулопластика (SLT) и Pattern Ласерска Трабекулопластика (PLT) на сегашниот најмодерен Pascal ласер.