Logo

“Методата Cross linking ми помогна повторно да гледам чисто!”
Прв пат ми дијагностицираа кератоконус на 18 годишна возраст, односно пред 5 години. Со тешкотија ги извршував секојдневните обрвски, не можев да возам, бидејќи не гледав јасно, туку развлечено, а тоа многу ми пречеше. Во разговор со мои пријатели, ми препорачаа да дојдам тука, бидејќи од досегашното нивно искуството знаев дека кога се зборува за здравјето на очите и квалитет во офталмологијата, се мисли на Систина офталмологија. Интервенцијата Cross linking која спречува развивањето на конусот помина безболно и ефикасно, а видот сосема ми се нормализира после неколку месеци. За тимот можам да кажам само пофални зборови и се заблагодарувам на професионалноста, љубезноста, човечноста на целиот тим.