Logo
Mustafa Izeirovski

Сèуште видот ми е матен бидејќи се навикнувам на промената, но гледам многу подобро отколку со леќи. Скоро 10 години носев леќи, а наочари уште подолго. Имам голема диоптрија и поради тоа бев зависен од очните помагала. Никако неможев да се одморам, секогаш требаше да пазам на нив. Се одлучив за ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија бидејќи чувствував дека можев да се потпрам на нив и навистина да го сфатат и да ми помогнат да го решам мојот проблем. За интервенцијата бев многу информиран, за целата постапка ги изгледав сите можн ивидеа. Кога влегов во операционата сала имав трема, која брзо ми помина благодарение на тимот во салата кој со разговор успеа да ме опушти. Сега слободно можам да заспивам во кола кога патувам без да мислам дали леќите или очилата се извадени.