Logo

На систематски преглед во училиштето ми беше откриена миопија со диоптер од -1.5 и ден денес знам да се пошегувам на сопствена сметка дека тие две кариери, миопијата и музиката заедно ги започнав. Почна да ме фрустрира носењето на очилата особено што миопијата брзо напредуваше. Кога диоптерот порасна на -4 очилата почнаа да ми тежат и се префрлив на меки леќи. Некако се опоравив од фрустрацијата и бев среќна што ќе можам да свирам на концерт без очилa, но на мојот солистички концерт на "Охридско лето", во првиот дел концертот на пет минути пред крај леќите ми се исушија и финалето го отсвирев во потполна магла. Ништо не гледав. Ме спаси меморијата на умот и рацете. Тоа беа НАЈДОЛГИТЕ ПЕТ МИНУТИ ВО МОЈОТ ЖИВОТ. После таа случка си помислив, дали некогаш ќе се ослободам од оваа мака? За Систина Офталмологија слушнав на реклама на која Магдалена Ризова говореше за нејзината случка во театарската сцена, која многу ме потсети на мојатa случка на солистичкиот концерт. Што да ви кажам за Систина Офталмологија: љубезни, фини, стручни до максимум! Ласерската корекција на диоптрија траеше 3 минути, прекрасен тим на доктори беа околу мене, имавме опуштен разговор. Марија, гледај во зеленото светло! 10 секунди, 5 секунди готово, десното око е готово. Ајде левото, 10 секунди, 5 секунди, Марија ти си супер цура. На здравје!!! По два дена, јас бев повторно со пијаното и со моите студенти на Факултетот за музичка уметност, но сега поинаква, сега не само што гледам со моите очи, туку и слушам со моите очи.