Logo

“Си реков, зошто да се малтретирам со очилата кога постои едноставен начин да гледам совршено и без нив..”

Пред отприлика 2 години ми се појави диоптер и почнав да носам очила, но размислувајќи си реков: зошто да чекам и да се мачам со очила кога постои толку едноставен и брз начин за да можам пак убаво да гледам, а воедно и нема да имам дополнителни финансиски трошоци за стакла и рамки. За Систина Офталмологија се распрашував, читав на веб сајтот за сите доктори дури ги разгледував и нивните биографии, ги читав и изјавите на пациентите и кога дојдов на преглед, го видов тоа за кое бев информиран. Пријатен и насмеан тим, и не ми ни пречеше тоа што бев прегледан од 3 различни доктори бидејќи сите беа исто професионални и коректни. Едноставно знаев дека сум на вистинското место и ја направив ласерската корекција на диоптрија од која сум презадоволен!