Logo

Дијабетичар сум 15 год и доагам од Косово. Во оваа клиника дојдов со многу сериозни проблеми и на двете очи.Од крварењата во очите, ништо не гледав. Не можев нормално да живеам. Ме уверија дека никогаш повторно нема убаво да гледам. Мои блиски пријатели и роднини од Косово ми упатија да дојдам во оваа клиника. После третманите, ласерите, и операциите на задниот дел од окото, јас сум многу подобро. Ми се врати вербата дека пак ќе гледам. Затоа ја донесов и мојата жена, која заради можните компликации, кај нас не сакаа да ја оперираат. Овде, операцијата на катаракта, и ја направија брзо и безболно, и сега, таа, со жолтата леќа, која и ја вградија при операцијата, гледа одлично и се чувствува одлично.
Благодарен сум на Систина Офталмологија што ни помогнаа и ни го вратија видот. Сега можеме и јас и сопругата да се радуваме повторно на животот и семејството околу нас.