Logo

„Со ласерската корекција на диоптрија завршија трошоците и нервозата од контактните леќи" Мој соработник ја направи интервенцијата во Систина Офталмологија и ме поттикна да размислам дека би било одлична идеја и јас да се ослободам од леќите кои ги носев веќе 8 години и ми пречеа во секојдневието. Ги губев многу брзо, а постојаното купување нови, ми претставуваше голем трошок. Одлучив да ја направам ласерската корекција, за која на прегледот докторите ме информираа дека трае 5 минути и дека е безболна и навистина така беше. По операцијата, гледав чисто, а леќите сега се минато за мене. Исто така, сакам да кажам дека особено сум задоволен од тимот на Систина Офталмологија и од третманот кој го имав кај нив.