Logo

Јас имав егзотропен страбизам односно левото око ми беше нанадвор. Најмногу ми пречеше од естетска гледна точка, но и во работата. Кога правевме некои вежби за кои беше потребно убаво да се сконцетрирам, секогаш се потпирав на десното око за да можам јасно да гледам. Често поради голем замор, чувствував како левото око ми се движи што многу ме иритираше. Операцијата помина супер, ништо не чувствував. Кога се будев, бев збунет и ми требаше време да се сетам каде сум :). Се помина како што беше планирано и немав скоро никакви болки. На дел од моите блиски се уште не им е верно дека окото ми е во нормална положба и дека така ќе си остане.