Logo

Без очила за вид сега уживам на сцена свирејќи пијано

Јас сум пијанист и очилата многу ми пречеа во мојата професија. Кога свирев, очилата се замаглуваа, паѓаа на клавијатурата, а најтешко ми беше кога се поклонував пред публиката.
Исто така, кога носев очила за сонце, задолжително позади нив носев и очила за вид и ми беше напорно да носам два пара очила истовремено.
Затоа и бев одлучен дека ќе ја направам ласерската корекција на диоптрија. Не можев веќе да ги трпам очилата за вид.
Сега чувствувам олеснување и пресреќен сум што ја направив оваа интервенција, која помина многу брзо и без никаква болка, а тимот доктори постојано беше во комуникација со мене и ме известуваше за секој следен чекор. На сите кои имаат диоптрија им препорачувам да ја направат ласерската корекција на диоптрија, кој целосно ќе им го промени животот на подобро.